Top Sport

Бизарно: Шуми праќал пораки од „друг свет“?!

Името Михаел Шумахер секогаш предизвикува огромно внимание во Германија, но и во целиот свет. Околу трагичната судбина на седумкратниот Ф1 шампион се напишани многу приказни, а сега германскиот магазин „Бунте“ оди чекор понатаму.

Речиси четири години по неговиот пад на скијање на Француските Алпи во декември 2013 година, од семејството Шумахер имаат дадено многу малку вести околу неговата реална ситуација и шансите за опоравување од сериозната повреда на мозокот, така што не е чудно дека постојат толку многу шпекулации.

Сега магазинот „Бунте“, кој претходно мораше да плати отштета на семејството Шумахер за тврдењата дека Михаел може да оди, преку пријател на семејството добива информации дека тој „праќа пораки од неговиот далечен свет“ и дека тие не ги загубиле надежите за чудесно опоравување.

„Шумахер е добро ако се земат во предвид околностите. Корина и децата до крајот се надеваат дека ќе се случи медицинско чудо“, вели анонимниот пријател.

Шумахер беше поставен во медицински индуцирана кома шест месеци по неговата несреќа за да се намали отокот на мозокот по двете операции. Три месеци подоцна преку соопштение семејството потврди дека тој излегол од кома и од болницата во Гренобл и дека се вратил во неговиот дом во Швајцарија.

Оттогаш, неговата сопруга Корина прави сè што е можно да спречи „истекување“ на информации за легендата на Ферари, преку неколку судски случаи против магазини како „Бунте“. Последните информациии велеа дека семејството планира да се пресели во САД, поточно во Тексас, каде што поседуваат фарма. Причината за ова е што таму постои специјалист за повреди на главата и мозокот, Марк Викс и неговата клиника може да му понуди третман.

Scroll to Top