Top Sport

Браун: Дури и партнерството со Ферари има граници

Спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун вели дека нема да потклекне под притисокот и нема да се сменат хибридните турбо мотори во 2020 година, и покрај инсистирањето на Ферари и заканите за повлекување од спортот.

Браун, кој беше технички директор на Ферари во периодот на најголемиот успех на тимот во ерата на Михаел Шумахер, вели дека сите партнерства имаат граници.

„Бев изненаден од тие реакции. Бев на дел од состаноците и мислам дека насоката во која се движиме е јасна. Сите се согласија на новите цели со новите мотори и правилата се изградени околу тоа. Ова е како ресторан во кој на некои им се допаѓа предјадењето, но не и главното јадење. Затоа имаме уште разговори. Ако производителите на автомобили понудат подобри опции ние сме отворени, но останувањето на истите мотори не е опција“, вели Браун.

Според него, 60-70 отсто од фановите сакаат погласни и поспектакуларни мотори, и дека без да се оствари тоа нема да влезат нови производители. Околу заканата за повлекување на Ферари, тој беше јасен.
„Секако дека не сакаме да ги загубиме Ферари. Тие добиваат многу од Формула 1 и Формула 1 добива многу од нив. Но, секое партнерство има граници. Се работи за тоа што можеме ние да прифатиме и што можат тие да прифатат. Сакаме сите да се среќни во Формула 1“, додава Браун.

Ферари со нова закана за заминување од Ф1

Scroll to Top