Top Sport

Еклстоун навива за Кубица

Обидот на полскиот возач, Роберт Кубица да направи кам-бек во Формула 1 следната година, продолжува со комплетираниот приватен тест на патеката Силверстоун во средата.

Кариерата на Полјакот беше прекината по страшниот судир на рели трка пред сезоната 2011 кога за малку ќе му беше ампутирана десната рака. Тој помина неколку сезони во рели-шампионатот, пред да се врати на посериозно тркање минатата сезона. Оваа година тој тестираше за тимот на Рено, но францускиот тим се реши за Карлос Саинс јуниор, а Вилијамс потврдија дека тој е во игра за место во 2018 година. Сега, техничкиот директор на Вилијамс, Педи Лоув вели дека тестот бил „успешен“.

„Ги разгледуваме сите можни опции, но искрено бројот на возачи е ограничен. Ќе размислиме за Кубица, но засега не се брзаме“, изјави Лоув.

Кубица доби поддршка од поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун, кој вели дека Вилијамс не треба да се двоумат и веднаш треба да му понудат договор на Полјакот.

„Ако Роберт ја немаше таа несреќа досега ќе беше светски шампион. Верувам дека може да се врати уште посилен. Ментално е поцврст од претходно, така што во иднина гледам само добри работи за него. Не верувам дека повредата ќе го сопре. Вилијамс мораат да го земат, бидејќи во последно време немаат најдобри перформанси. Ако го загубат Фелипе Маса, тогаш Роберт е човекот кој сакате да го имате, со многу искуство и со многу брзина“, објаснува Еклстоун.

Scroll to Top