Top Sport

Ферари: Мислите секогаш со Михаел!

Италијанскиот Ф1 тим Ферари му го честиташе на Михаел Шумахер 49. роденден, со емотивна посвета преку социјалните мрежи.

„Денеска Михаел полни 49 години, и нашите мисли се секогаш со него. Продолжи да се бориш, Форца Михаел“, напишаа од Скудерија.

Најуспешниот возач во историјата на спортот, седумкратниот шампион Шумахер доби сериозни повреди на мозокот при инцидент на скијање во декември 2013 година, и живее во својот дом во Швајцарија, заштитен од неговото семејство.

Пензионираниот Германец, освои две титули со Бенетон во 1994 и 1995, пред да освои пет последователни титули со Ферари од 2000 до 2004 година. Неговите рекорди уште стојат – 7 титули, 91 победи, 77 најбрзи кругови и најмногу победи во една сезона (13).

Scroll to Top