Top Sport

Ферари охрабруваат: моторот работи совршено!

Ферари добија одлична вест пред официјалниот старт на тестирањето пред сезоната 2018, откако потврдија дека новиот мотор на италијанскиот гигант ги остварил целите поставени за постојаност на динамометар по новиот концепт на главата на цилиндарот на моторот.

Бидејќи возачите во новата сезона имаат право да користат само три мотори цела година, главниот фокус на производителите на мотори беше тестот на постојаност, бидејќи моторот просечно треба да трае седум трки.

Тимовите оваа сезона исто така се ограничени со типот на масло кое можат да го користат и мораат да достават детални анализи до Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за да се спречи користењето на маслото за подобрени перформанси.

Шефот на Ферари за мотори, Корадо Јоти ја предводи програмата за воведување на нова глава на цилиндарот во текот на сезоната, со кој ќе се подобрат перформансите на моторот во фазата на пред-согорување и ќе помогне во борбата со Мерцедес, кои доминираат со „модовите“ за квалификации во последните четири години.

Моторот нема да го користи челичниот клип кој беше предложен од претходниот шеф на мотори, Лоренцо Саси, бидејќи оваа насока беше „отпишана“ во текот на летото, кога не се доби потребниот скок во перформансите.

Ферари уште на 9 февруари го имаше првото „палење“ на новиот мотор, и најавите се дека ќе бидат во добра форма пред стартот на зимското тестирање на 26 февруари во „Каталуња“ покрај Барселона.

Scroll to Top