Top Sport

Хакинен: Му кажав на Сена дека имам поголеми „јајца“ од него!

Двократниот светски шампион, Мика Хакинен се потсети на својата прва трка како колега на Аиртон Сена во 1993 година, потсетувајќи се дека му кажал на легендарниот Бразилец дека имал „поголеми јајца“ од него, потег што го налутил Сена.

Во 1993 година по успешното партнерство со Хонда, Мекларен се префрлија на мотори на Форд и Сена чекаше до првата трка од сезоната во Јужна Африка да потпише договор со тимот, договор кој на крајот се обновуваше по секоја трка и вредеше милиони долари.

Мајкл Андрети беше неговиот колега, но Американецот не ги оствари очекувањата и по Италијанското ГП, 13-тата трка од сезоната, тој си замина и направи место за дебито на Хакинен.  На следната трка во Португалија, Сена беше трет на квалификациите, веднаш зад Хакинен, по што почна „легендата“ на „летечкиот Финец“.

„Кога почнав во Мекларен, Аиртон воопшто не ме почитуваше. Разговаравме, но беше јасно дека воопшто нема високо мислење за мене. Мене тоа не ми пречеше. Јас бев младо момче од Мартинлаксо и решив да си работам мојата работа. Во Есторил кога бев побрз од него на квалификаците тој ме праша како се случи тоа. Му покажав со рацете и му кажав: ’имам поголеми јајца’. Тоа го налути екстремно многу. Почна да ми зборува за целата кариера, за титулите. Ме турна до ѕид и ми зборуваше. Од тој момент немавме добри односи. Аиртон ме гледаше како закана“, вели Хакинен, кој потоа освои две титули со Мекларен во 1998 и 1999 година.

Сена, на крајот не стигна вистински да се пресмета со новиот ривал, откако го загуби животот на Сан Марино ГП во Имола во мај 1994 година.

Scroll to Top