Top Sport

Хамилтон ги открива тројцата најсилни ривали за 2018

Четирикратниот актуелен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон најави од кои тројца возачи најмногу се „плаши“ пред стартот на новата сезона.

Ѕвездата на Мерцедес смета дека Фернандо Алонсо во Мекларен, Себастијан Фетел во Ферари и Макс Ферстапен во Ред бул се тројцата возачи на кои треба најмногу да се внимава во секоја трка. Тројцата беа „избрани“ во ситуација ако Мерцедес, Ферари, Мекларен и Ред бул имаат израмнет болид.

„Ние сме четворицата најсилни возачи. Се надевам дека сите ќе се во борбата за титулата следната година, бидејќи тоа би било навистина фантастично. Разликата на тројцата ривали е во милиметри, но се работи за различни возачи. Себастијан на пример, од оваа година можете да кажете за него ’дајте ми повеќе простор’. И тоа не на негативен начин. Макс ризикува многу, и на него треба да му дадете простор, но за разлика од другите нема големо искуство. Фернандо е најцврстиот тркач на патеката, така што мора да го почитувате во секо дуел. Тој навистина знае како да се трка“, вели Хамилтон.

Сепак, Британецот вели дека Ферстапен може да биде најголемиот ривал како ќе добива искуство, бидејќи има само три сезони зад него.

„Макс прави прекрасни работи, но ќе научи уште многу во следните 10 години. Дури тогаш ќе биде многу тешко да се победи. Тоа би било вистинска битка“, објаснува возачот на Мерцедес.

Scroll to Top