Top Sport

Хамилтон во партнерство со Томи Хилфигер

Луис Хамилтон е најновиот амбасадор на компанијата „Томи Хилфигер“, велејќи дека благодари на шансата да биде поврзан со модната куќа.

33-годишниот Британец, кој во кариерата освои четири светски титули и оствари 62 ГП победи, признава дека едвај чека да ја започне работата со „Томи Хилфигер“, бидејќи модата е голем дел од неговиот живот.

„Возбуден сум што можам да потврдам дека сум нов амбасадор за ’Томи Хилфигер’, нешто што подолго време го чекам. Чест е да бидам дел од ова семејство. Благодарам на сите“, вели Хамилтон.

Scroll to Top