Top Sport

Италија ќе ги загуби бесплатните Формула 1 преноси

Формула 1 ќе исчезне од бесплатните италијански ТВ канали во 2018 година, кога само домашното ГП во Монца ќе се пренесува преку државниот ТВ канал „РАИ“.

Повеќе децении, Формула 1 беше една од главните атракции на „РАИ“, но во последните години, слично како и со другите преноси, „Скај Италија“ го има приматот. До минатата сезона, Италија имаше сличен систем како Велика Британија – сите трки се пренесуваа во живо преку „Скај Италија“, а девет од нив преку „РАИ“.

Сепак, преговорите со новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“, не поминаа најдобро бидејќи „РАИ“ не сакаше да ја плати превисоката цена, за на крајот да страдаат гледачите.

За разлика од Италија, во Франција во 2018 година се враќаат „бесплатните“ преноси на „ТФ1“, но само за Француското ГП и Монако ГП. Во Германија сите трки се пренесуваат на „РТЛ“, без надоместок за гледачите.

РАИ протестира, Јуве-Торино без коментар

Scroll to Top