Top Sport

Маркез: Лоренцо е фаворит за победа во Мотеги

Лидерот во генерален пласман и актуелен светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез смета дека возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо е фаворит за победа на неделното Јапонско ГП во Мотеги по покажаната брзина на тренинзите.

Лоренцо имаше четврто најдобро време во Мотеги, но возачот на Хонда, Маркез, смета дека тој беше најбрз и дека фактот што не мисли на титулата ќе му помогне на шпанскиот сонародник.

„Погледнете ги добро резултатите, Лоренцо е фаворит. Тој имаше подобар ритам од сите и нема што да загуби. Но, и Андреа Довициозо е брз, така што ќе почекаме до недела“, вели Маркез.

Маркез е лидер во генерален пласман со 224 поени, 16 повеќе од возачот на Дукати, Довициозо, додека третопласиран е возачот на Јамаха, Маверик Вињалес со 196 поени.

Scroll to Top