Top Sport

Маркез: Почнав да губам коса од стресот!

Марк Маркез во неделата ја освои својата четврта светска титула во Мото ГП станувајќи најуспешниот шпански мотоциклист во историјата и поминувајќи го својот сонародник Хорхе Лоренцо, по што мораше да признае колку бил стресен патот до титулата.

Во Валенсија, Маркез направи доволно за да ја освои титулата откако ривалот од Дукати, Андреа Довициозо излета, меѓутоа имаше еден момент кога за малку трката на возачот на Хонда можеше да заврши.

„Имаше еден момент во кој го загубив фокусот бидејќи се чувствував предобро. Ја загубив контролата на таа кривина, но за среќа тука беше лактот“, изјави Маркез.

И покрај овој потег, 24-годишниот Шпанец призна дека било многу стресно да се бори со Довициозо.

„Дови беше совршен ривал и научив многу од него. Оваа година беше толку стресна што во еден дел од шампионатот почна да ми паѓа косата. Колку и да сте психолошки силни, потребен е огромен напор да се стигне до титулата. Не се сеќавам на прославата. Апсолутно ништо“, додаде Маркез.

Scroll to Top