Top Sport

Марко: Квјат е поталентиран од возачите на Торо росо

Советникот на Ф1 тимот на Ред бул, д-р Хелмут Марко вели дека рускиот возач Данил Квјат е поталентиран од возачите на Торо росо, Брендон Хартли и Пјер Гасли, меѓутоа дека ја „загубил брзината“.

Квјат го загуби местото од програмата на Ред бул оваа сезона по низата разочарувачки резултати. Тој прво беше заменет од Гасли за трките во Јапонија и Малезија, но беше вратен на Американското ГП откако Карлос Саинс Јуниор замина во Рено. Потоа, тој беше отпуштен пред Мексиканското ГП, и целосно од програмата на Ред бул, ставајќи крај на неверојатно кратката кариера.

„Да, се согласувам дека Квјат има повеќе талент од сегашните возачи на Торо росо. За жал, тој го покажа тој талент само во првата година со Торо росо и првата година со Ред бул. Потоа, неговите перформанси драстично паднаа. Имаше проблеми со сопирачките, со гумите кои ги немаше Даниел Рикјардо. Нешто му се случи ментално и тој ја загуби брзината веднаш. Не знам што беше тоа. Се обидовме да му помогнеме со повеќе работи, но тоа беше тоа.  Имаше многу инциденти на стартот на трката и не реагираше најдобро. Се затвори и не сакаше никој да му кажува ништо“, објаснува Марко за „Моторспорт“.

Scroll to Top