Top Sport

Мекларен: Ферари го прекршуваат џентлменскиот договор

Мекларен ги обвини Ферари и Светската автомобилистичка федерација (ФИА) дека го прекршиле џентлменскиот договор кога италијанскиот тим реши да го ангажира директорот за безбедност на ФИА, Лорен Мекис.

Мекис даде три месеци рок пред да си замине од позицијата заменик директор на трки, и ќе почне да работи во Ферари на 20 септември.

Неговото потпишување доаѓа откако Рено го ангажираа поранешниот технички шеф на ФИА, Марсин Будковски на крајот на минатата сезона, по што тимовите се согласија дека мора да има минимум 12 месеци пауза помеѓу заминување од ФИА и ангажирање од некој од тимовите.

„Многу сме незадоволни од ФИА поради тоа што загубија уште еден клучен вработен од страна на тркачки тим. Посебно откако беше договорено од сите тимови на последниот состанок на ’Стратешката група’ дека клучните технички луѓе од ФИА не смеат да бидат ангажирани од Ф1 тимови барем 12 месеци по заминување од ФИА. Ферари одат против џентлменскиот договор, а на ФИА не им е грижа“, вели шефот на Мекларен, Ерик Булие за „Аутоспорт“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top