Top Sport

Менсел: Мекларен ќе има проблеми со Рено и Ред бул

Поранешниот светски шампион Најџел Менсел смета дека на тимот на Мекларен ќе му биде екстремно тешко против тимовите на Ред бул и на Рено со исти мотори оваа сезона.

Менсел вели дека се надева дека францускиот гигант Рено ќе биде фер и ќе им даде исти мотори на трите тима, но дека тоа не го намалува предизвикот на Мекларен, кој на крајот на минатата сезона го раскина договорот со Хонда.

„Ќе биде многу тешко, но се надевам дека ќе бидат блиску и дека Рено ќе биде фер. Мерцедес не сакаа да им дадат мотори бидејќи не ги сакаат како конкуренти, но во Формула 1 никогаш нема еднаквост. Според мене, треба да има 26 болиди на стартот и многу поизрамнета ситуација“, вели Менсел.

Scroll to Top