Top Sport

Мерцедес сериозно ја следи заканата од Мекларен и Рено

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф вели дека во „Сребрената стрела“ гледаат кон Мекларен и Рено како сериозни ривали за Формула 1 титулата, на исто ниво како Ред бул и Ферари.

Ферари беше најголемиот ривал на Мерцедес во 2017, кога тимот стигна до четврта двојна титула, додека Ред бул се „разбудија“ во вториот дел од сезоната и стигнаа до три победи. Мекларен, тогаш во партнерство со Хонда, не беа во конкуренција за подиуми, ниту за пласман за поени, но Волф вели дека со инспирираните Рено ситуацијата ќе биде поинаква, посебно поради педигрето на Мекларен.

„Ова е врвот на тркањето и морате да го почитувате секој тим и врвните возачи. Зборуваме за Ферари, за Ред бул, за Мекларен, за Рено… Мораме да ги сфатиме сериозно бидејќи тоа се момци кои можат да се борат за титула. Подобро да останеме скромни и да очекуваме конкуренција од сите, наместо да сметаме дека победите се гарантирани“, вели Волф во интервју за „Аутоспорт“.

Scroll to Top