Top Sport

Мото ГП стартува електрична серија (видео)

Мото ГП промотерот, „Дорна спортс“ објави дека ќе организира нова класа во шампионатот, ФИМ МотоЕ Светски куп со мотоцикли на електричен погон.

Енергетската компанија „Енел“ ќе биде главен спонзор на серијата која ќе стартува во 2019 година и ќе го изработува „Енергика еко“ мотоциклот. На почеток, серијата ќе има 18 мотоцикли во 11 тимови – сите седум приватни Мото ГП тимови (Тех 3, ЛЦР, Марк ВДС, Прамак, Авинтија, Анхел Нието и Гресини) ќе имаат по два мотоцикли, а четири тима ќе дојдат од Мото2 и Мото3 категориите.

„Дорна заедно со Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) го претставува новиот свет на електричната подвижност, која ќе биде паралелна со нашата иднина. Горди сме што успеавме да склучиме договор за ваков важен чекор напред“, вели Кармело Езпелета, шефот на „Дорна“.

Иако календарот не е објавен, се очекува да има пет трки од по осум кругови, и тоа сите во Европа за да се намалат трошоците.

Scroll to Top