Top Sport

Најбрзиот гејмер доби договор со Мекларен! (видео)

Мекларен ќе го ангажираат Руди ван Бурен, 25-годишниот холандски картинг шампион како нивни официјален возач на симулаторот, откако тој победи на првото издание на „Најбрзиот гејмер“ во организација на англискиот тим.

Ван Бурен го совлада сонародникот Фрек Схотхорст во финалето на натпреварувањето, кое беше четиричасовно возење на симулаторот на Мекларен. Ван Бурен, кој беше картинг шампион во 2003, но сега работи како менаџер за продажба во Холандија вели дека е презадоволен.

„Секое момче кое вози картинг сонува за Формула 1, но во одреден момент тој сон го снемува. Сега, можам да го вратам на момент. Да се дојде во Технолошкиот центар на Мекларен првпат беше неверојатно искуство, а сега си заминувам како најновиот вработен на тимот“, вели Ван Бурен.

Мекларен го лансираа чудното натпреварување заедно со компанијата „Логитеч“ и во него учествуваа над 30.000 луѓе кои во елиминации од мај се обидуваа да добијат шанса за големото финале, кое се случи во Вокинг, седиштето на Мекларен и во кое учествуваа 12 „возачи“.

Scroll to Top