Техничкиот директор на Хас Ф1, Гинтер Штајнер вели дека планот единствениот американски Ф1 тим да има американски возач е „нарушен“ со тоа што нема доволно квалитетни возачи.

Победникот од Инди 500, Александер Роси имаше делумна сезона во Ф1 со Мејнор во 2015 година, со што стана првиот Американец со ГП настап по Скот Спид во 2007, но тој се врати во американските серии. Друг конкурент е шампионот од Инди кар, Џозеф Њугарден, но Штајнер вели дека тој би „страдал“ доколку дојде веднаш во Ф1.

„Искрено, не ни е на врвот на приоритетите да донесеме америкнаски возач, но ако има добар возач ќе размислиме. Но, дали има навистина добар возач? Само да имаме Американец колку да се натпреварува во Ф1 не е добро за спортот. Во моментов немаме доволно добри Американци“, објаснува Штајнер.

Хас, кои беа осми на табелата минатата сезона, имаат двајца возачи под договор до крајот на 2018, Французинот Роман Грожан и Данецот Кевин Магнусен.

„Двајцата заслужуваат да останат. Дали сакаат да го направат тоа? Тоа треба да ги прашате нив. За 2019 е прерано да се договараме“, вели Штајнер.