Top Sport

Ред бул ќе градат тим само околу Ферстапен?

Макс Ферстапен треба да остане во тимот на Ред бул на долги патеки и да го гради тимот околу него, смета шефот на неговиот тим, Кристијан Хорнер.

Околку младиот Холанѓанец имаше голем број на шпекулации за наводните понуди од Ферари и Мерцедес за 2018 година, но Хорнер вели дека наместо да биде колега со Себастијан Фетел или Луис Хамилтон, Ферстапен треба да остане во својот тим.

„Мислам дека и самиот ја гледа силата и длабочината на нашиот тим. Тој се чувствува добро во Ред бул, со нас беше најмлад победник, најмлад освојувач на поени. А Луис е удобен во Мерцедес, Себ има уште три години во Ферари. Очигледната работа е да градиме тим околу него. Но, ние треба да му дадеме конкурентен болид“, оценува Хорнер.

Јасно е дека Ред бул не сакаат да се откажат од возачот на кого му дадоа шанса да се бори со најдобрите на светот, меѓутоа, останува впечатокот дека австрискиот тим малку го потценува вториот возач во својот тим, Даниел Рикјардо, кој исто така е поврзуван со трансфер во други тимови.

Scroll to Top