Top Sport

Рикјардо: Би било супер да има тензии со Макс за титулата

Даниел Рикјардо вели дека би бил пресреќен да има повеќе тензии со својот клупски колега, Макс Ферстапен, ако тоа значи дека возачите на Ред бул ќе се борат за титулата во 2018 година.

Тимот од Милтон Кејнс сака враќање во борбата за титулата следната сезона, откако лани потфрлија по најавите дека ќе ги предизвикаат Мерцедес, оставајќи ги Ферари како најсериозни конкуренти на „Сребрената стрела“. Австралиецот Рикјардо и Холанѓанецот Ферстапен очигледно имаат добра соработка.

„Ако се бориме за титулата, секако дека го прифаќам предизвикот. Двајцата лани кажавме дека тоа е добар проблем кој го имаме – да бидеме на врвот и да се бориме. Ќе видиме дали ќе му честитам роденден следната година. Ќе ја намалиме разликата во 2018, но дали ќе се бориме за титулата, треба да видиме. Макс е многу посилен возач од 2016 година, така што ќе биде забавно“, вели Рикјардо.

Scroll to Top