Top Sport

Роси е загрижен од прогресот на Јамаха

Валентино Роси побара неговиот тим Јамаха да ги реши „загрижувачките“ проблеми со електрониката на мотоциклот и признава дека не е голем оптимист за првите неколку трки од новата Мото ГП сезона.

Италијанскиот ветеран, кој денеска наполни 39 години, се мачеше во поголемиот дел од 2017 со шасијата на М1 мотоциклот и со слабото забрзување, а проблемите се вратија и на првиот ден тестирање во Бурирам, Тајланд во петокот. Тој вели дека откако шампионатот реши да користи стандардизиран систем на електроника од „Мањети Марели“ во 2016 година, Дукати и Хонда имаат „подобро разбирање“ на системот.

„Тешко е да се сфати зошто е така, но Хонда и Дукати разбираат нешто што ние не можеме да го ‘пробиеме’. Се надевам дека ќе се опоравиме што е можно побргу, бидејќи во моментов не е добро. Добрата работа е што се работи за електрониката, не за механичките делови, за моторот или за шасијата. Електрониката се поправа со бројка, така што времето е тука. Но, засега сум загрижен бидејќи не можеме да бидеме оптимисти за првите трки“, вели Роси.

Scroll to Top