Top Sport

Розберг не мисли на Ф1, туку на повеќе деца

Светскиот шампион од 2016 година, Нико Розберг во речиси секое интервју го дава истиот одговор на истото прашање – дали планира да се врати во Формула 1 шампионатот.

Германецот изненадувачки се пензионираше само пет дена откако ја освои титулата во 2016 година, велејќи дека ги остварил своите цели и дека нема зошто повеќе да биде во Формула 1.

„Никогаш не сум почувствувал желба да бидам тркач повторно“, вели 32-годишниот Розберг во интерјву за „Бунте“.

Поранешниот возач на Вилијамс и Мерцедес неодамна му беше менаџер на Роберт Кубица во обидот Полјакот да се врати во Ф1, но на крајот успеа да му обезбеди само место како трет возач во Вилијамс. Фокусот на Розберг сега е ориентиран кон семејството, велејќи дека не му се доволни само двете ќеркички.

„Навистина би сакал да составам фудбалски тим од моите деца. Нема нешто што ме радува повеќе“, вели Розберг.

Сепак, постои проблем – неговата сопруга Вивијан имаше две тешки бремености во минатото.

„Затоа, одлуката е целосно кај неа“, вели Розберг.

Scroll to Top