Top Sport

Саинс Јуниор по победата на татко му: Сега знам колку е страшно

Формула 1 возачот на Рено, Карлос Саинс Јуниор објави отворено писмо до својот татко, рели легендата Карлос Саинс, кој во саботата го запечати вториот триумф на Дакар релито.

Саинс Јуниор е еден од повеќето синови на поранешни моторспорт ѕвезди кои решаваат дека брзината им е во крвта, но сега вели дека сфаќа колку е тешко да гледаш како се трка член на твоето семејство под голем ризик.

„Овие две интензивни недели ми помогнаа да сфатам како се чувствуваш ти кога јас се тркам и искрено дури сега знам колку мора да е тешко тоа. Искрено, подобро е да си од другата страна на бариерата. Не можеш да замислиш колку мама, Бланка и Анита истрпеа овие две недели. Беше интензивно. Затоа сакав да ти кажам колку те почитувам поради тоа што и покрај своите 55 години работеше толку напорно за победата. Можам да кажам илјада анегдоти, за тоа како стануваше во 5.30 часот наутро за да тренираш или други детали. Ти си ми најдобриот пример за посветеност и желба за победа, и тоа јас и моите сестри ќе го искористиме во нашиот живот“, напиша Саинс Јуниор, кој ќе се врати во акција на зимското тестирање во Ф1 кое почнува на крајот на февруари.

Саинс со победа се збогуваше од Дакар релито (видео)

Scroll to Top