Top Sport

Себастијан навиваше за Фабијан Фетел

Себастијан Фетел слободниот викенд го искористи за патување во Хокенхајм за финишот на ДТМ серијата во туринг-тркање, и во исто време му даде поддршка на својот помлад брат.

18-годишниот Фабијан Фетел, братот на четирикратниот светски шампион, дебитираше во туринг-трките оваа сезона, со настапи во Ауди ТТ купот.  Постариот брат призна дека е поинаку кога си од другата страна на тркачкиот ѕид.

„Ова ми е слободен викенд, но уште е убаво. Се видов со некои стари пријатели и беше убаво да се биде во Хокенхајм. Чувството е поинакво, но верувам дека мојот брат ќе биде добар. Ова му е само прва година“, вели Себастијан Фетел.

Scroll to Top