Себастијан Монтоја, синот на поранешниот Формула 1 возач од Колумбија, Хуан Пабло е новиот член на возачката академија на Ферари.

Италијанскиот тим реши дека 12-годишниот Себастијан, кој во 2017 ја извозе првата картинг сезона во Европа, е доволно талентиран да ја има нивната целосна поддршка оваа година. Монтоја јуниор ќе се натпреварува во ОКЈ категоријата во Европскиот шампионат, а од Ферари ќе добива и дополнителни тренинзи, и совети за работата со медиумите.

Себастијан Монтоја се приклучува на Шарл Леклер, Џулијано Алези (синот на Жан Алези), Антонио Фуоко и Енцо Фитипалди (синот на Емерсон Фитипалди) во школата на Ферари.