Top Sport

Сироткин носи 15 милиони долари – Кубица го губи местото во Вилијамс?

Резервниот возач на Рено, Сергеј Сироткин со себе носи 15 милиони долари спонзорски пари, со што може да го земе „предвиденото“ место на Роберт Кубица во тимот на Вилијамс во 2018 година.

Сироткин беше повикан на тестот за Вилијамс заедно со Роберт Кубица и Ленс Строл во Абу Даби, и иако беше најспор од тројцата, не возеше на новите хипер-меки гуми на Пирели.

Вилијамс веќе добиваат пари од семејството на Строл, но дополнителните пари кои ги носи Кубица се секогаш добредојдени. Според „Ле журнал де Монтреал“, Сироткин во вторникот го посетил седиштето на Вилијамс во Гроув, откако во понеделникот таму беше Кубица.

Се веруваше дека Вилијамс речиси сигурно ќе му дадат нова шанса на миленикот на фановите, Кубица, кој би го комплетирал неверојатниот кам-бек, но сега тоа се става во втор план.

Сироткин ја има поддршката на СМП, финансиската организација на Борис и Аркадиј Ротенберг, руски милијардери кои имаат блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Scroll to Top