Top Sport

Ситроен немаат „достојна“ понуда за Ожие

Тимот на Ситроен вели дека не можеле да ги „израмнат“ понудите кои ги добил петкратниот рели ВРЦ шампион, Себастиен Ожие за следната сезона.

Ожие својата кариера ја почна како „пулен“ на францускиот тим, но си замина по сезоната 2011 поради бурните односи со тогашниот колега, деветкратниот шампион Себастиен Леб. Ситроен најави дека ќе му понуди место за 2018, но неодамна стана јасно дека Французинот или ќе се повлече од ВРЦ или ќе остане во М-Спорт Форд тимот, со кој оваа година повторно стана шампион.

Шефот на Ситроен, Ив Матон вели дека едноставно немале „достојна“ понуда за Французинот.

„Не успеавме да ги следиме понудите кои ги доби. Нашата понуда не беше на вистинско ниво. Се надевам дека ќе остане во ВРЦ, бидејќи на шампионатот му се потребни такви возачи“, вели Матон.

Се верува дека Ожие ќе одлучи за иднината до крајот на месецот. Ситроен за следната година ќе вози со Крис Мик, Крег Брин, Стефан Лефевр и Халид ал-Касими, а разговара и за делумна програма со Леб.

Рели шампионот Ожие не знае дали ќе продолжи во 2018

 

Scroll to Top