Top Sport

Верлајн ја напушта Ф1 и се враќа во ДТМ

Поранешниот шампион од ДТМ серијата, асот на Мерцедес, Паскал Верлајн се враќа во германската туринг серија оваа сезона, откако Заубер не му го продолжија договорот за 2018 година.

23-годишниот Германец ја освои титулата во третата сезона во ДТМ во 2015 година, по што во 2016 година настапуваше за слабиот Мејнор, пред лани да добие шанса во Заубер, тим за кој го освои единствениот поен во кариерата.

Но, по договорот на Заубер со Фиат околу спонзорството со Алфа Ромео, Мерцедес не успеаја да му најдат место на германскиот тркач.

„Имам прекрасни сеќавања од ДТМ, не само поради титулата во 2015 година, туку поради одличниот тимски дух. Додека бев во Ф1 постојано ги следеве ДТМ трките и неколку пати го посетив тимот“, вели Верлајн.

Новата ДТМ сезона ќе биде последна за Мерцедес во ДТМ, бидејќи германската компанија реши ресурсите да ги троши во Формула Е серијата од следната година.

Scroll to Top