Top Sport

Вилијамс: Нема договор со Кубица

Тимот на Вилијамс преговара со Роберт Кубица за можно место во 2018 година како замена за Фелипе Маса, но договорот уште не е потпишан, објавија од тимот од Гроув.

Откако неколку медиуми од Полска објавија дека договорот е направен, Вилијамс велат дека нема да има објава за составот за 2018 наскоро.

„Иако разговорите со Роберт продолжуваат, уште немаме одлучено кој ќе го замени Фелипе Маса. Ќе дадеме информации кога ќе ги имаме, но нема да има официјална објава овој викенд во Абу Даби“, се вели во соопштението натимот.

Неделната трка на Јас Марина е последна од сезоната, во која Бразилецот Маса (по вторпат) ќе каже збогум на спортот во кој е од 2002. Се очекува канадскиот тинејџер Ленс Строл да остане во тимот, најмногу поради финансиската поддршка на неговиот татко-милијардер, но второто место е „отворено“.

32-годишниот Полјак по седумгодишна пауза поради повреда на раката се обидува да се врати во спортот, откако во 2011 година при рели несреќа зам алку ќе му се ампутираше раката. Други конкуренти за местото се резервниот возач на тимот, Шкотланѓанецот Пол ди Реста, Русинот Данил Квјат и Германецот Паскал Верлајн.

Кубица со нов „успешен“ тест за Вилијамс

Scroll to Top