Top Sport

Заубер станува Алфа Ромео?

Заубер ќе ги потврди возачите за 2018 година на Абу Даби ГП трката, а шпекулациите велат дека тимот ќе го врати името Алфа Ромео во Формула 1 како договор за посилна соработка со тимот на Ферари, јавува „Моторспорт.цом“.

Швајцарскиот тим подолго време користи мотори на Ферари, а сега најверојатно едното место во тимот ќе го даде на Ф2 шампионот и човекот од школата на Ферари, Шарл Леклер, а можно е и второто место да го добие јуниор на Скудерија, Антонио Џовинаци.

Останува да се почека да се види дали сегашниот возач на тимот, Швеѓанецот Маркус Ериксон, кој има врски со новите сопственици на тимот, ќе остане и во 2018 година.

Враќањето на името Алфа Ромео во Формула 1 е амбиција на претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, кој лани дури посочи дека овој бренд треба да е поврзан со јуниорската академија на италијанскиот тим. Заубер оваа година прослави 25-годишнина во Формула 1.

Scroll to Top