Top Sport

Албиол донесе три поени и надеж за Наполи (видео)

Раул Албиол со гол со глава по корнер донесе тешка 1:0 победа на Наполи над Џенова за да ги задржи надежите на „партонепеи“ за скудето, доближувајќи се на два поени до првопласираниот Јувентус, кој беше сопрен на 0:0 во Ферара од СПАЛ.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра 67 минути за „Грифоне“, но не успеа да се запише во листата на стрелците, пред Албиол во 72. минута да го „скрши“ отпорот на гостите.  Џенова останува на 13. место во Серија А со 30 поени, шест поени над опасната зона.

Лацио пак, не успеа да освои три поени против Болоња одигрувајќи само 1:1 на „Олимпико“. Домаќините беа шокирани уште во третата минута преку Симоне Верди, но веќе во 16. минута, Лукас Леива израмни на 1:1. До крајот на мечот, Лацио не успеа да го „скрши“ отпорот на упорниот противник.

Scroll to Top