Top Sport

Алегри: Моите играчи се само луѓе

Фудбалерите на Јувентус синоќа киксираа на гостувањето кај СПАЛ, во 29.коло во Серија. Аутсајдерот одигра 0:0 и повотрно ја направи интересна борбата за титулата.

Јувентус со натпревар повеќе има пет бода повеќе од Наполи. Наполитанците вечерва ќе ја пречекаат Џенова и со евентуална победа ќе се доближат на два бода до лидерот.

„Не сум лут, ниту сум разочаран по се што направија. СПАЛ одигра борбен меч и морам да им честитам. Не бевме доволно фокусирани на овој натпревар и поради тоа ни се случи ова. И ние сме луѓе“, рекол Алегри по натпреварот и дополнил.

„Први сме во Серија А, играме во четврт-финалето во Лигата на шампионите и во финалето на Купот на Италија. Некогаш мора да се случи на играчите да не бидат фокусирани, како што тоа беше вечерва. Како што реков и моите играчи се само луѓе“.

Scroll to Top