Top Sport

Англискиот фудбал преплавен од расизам

Дискриминацијата во англискиот фудбал пораснала за 59 отсто во првиот дел од тековната сезона, соопшти организацијата „Кик ит аут“. Во првиот дел од сезоната, во оваа организација која се бори против дискриминацијата, во првите четири професионални и првите четири аматерски лиги, нив биле пријавени 282 инциденти.

„Кик ит аут“ објави дека во повеќе од половина од случаите на дискриминација се поврзани со расизмот.

„Нашите најнови статистички податоци покажуваат пораст на инцидентите поврзани со дискриминацијата во фудбалот. Овој податок треба да биде аларм за будење на сите во овој спорт“, рекол претседателот на организацијата Херман Оузли.

Во првите четири англиски лиги, во однос на минатат сезона, за 38 отсто е забележан пораст на расизмот, хомофобијата и дригите облици на дискриминација.

Од август минатата година биле забележани 111 инциденти, од кои 64 во Премиер лигата, 47 во Чемпионшип и Лига 1 и Лига 2. Во однос на истиот период минатата сезона забележано се 40 инциденти повеќе.

„Борбата против дискриминацијата мора да биде заедничка. Лидерите на сите делови од општеството и фудбалот, но и пошироката јавност и навивачите мора да превземат нешто, да ја пријават дискриминацијата и да ни помогнат да ја искорениме омразата“, рекол Оузли.

Како што се наведува во извештајот на „Кик ит аут“, с епоголем извор на дискриминација стануваат социјалните мрежи, а најмногу инциденти биле забележано на „Твитер“.

Scroll to Top