Top Sport

Ангуло доби зголемување на суспензијата на четири години

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) реши да ја зголеми суспензијата на еквадорскиот напаѓач Хозе Ангуло за позитивен тест на кокаин од една на четири години, откако ја подржаа Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Ангуло, кој лани се приклучи на шпанскиот тим Гранада, но нема играно за нив, падна на допинг-тест со поранешниот еквадорски клуб Индепендиенте дел Ваље по првиот меч од финалето на Копа Либертадорес во јули 2016 година.

Тој доби 12 месеци суспензија од јужноафриканската конфедерација ЦОНМЕБОЛ, но ФИФА се жалеше на одлуката. 22-годишниот Ангуло се врати во својот еквадорски клуб по суспензијата, и сега ќе може да се врати на фудбалот дури на 20 јули 2020 година.

Scroll to Top