Top Sport

Азар повторно човек на одлука за Челси (видео)

Еден Азар постигна два гола за да ги предводи Челси до 3:0 победа над последнопласираните Вест Бромвич Албион за да се прекине лошата низа од два порази едноподруго.

Белгискиот ас, кој сè почесто е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, погоди два прекрасни голови во 25. и 71. минута од мечот, а Виктор Мозес додаде уште еден во 63. минута, за „Сините“ да се вратат во топ 4 во Англија со 53 поени, еден помалку од Ливерпул и еден повеќе од Тотенхем на петтото место.

Пред овој меч, менаџерот Антонио Конте беше под притисок откако тимот доживеа два тешки порази од неатрактивни противници (0:3 од Бурнемаут дома и 4:1 од Свонси на гости).

Од другата страна, Вест Бром е сè поблиску до испаѓање од Премиер лигата, откако тимот од Бирмингем се наоѓа на последното место со 20 поени, пет помалку од претпоследниот Стоук и седум помалку од „безбедната зона“.

Scroll to Top