Top Sport

Баерн продолжи каде што застана (видео)

Хамес Родригез постигна фантастичен гол за да го комплетира триумфот на Баерн Минхен од 3:1 на гостувањето кај Баер Леверкузен во првиот меч од Бундеслигата во 2018 година.

И без повредениот најдобар стрелец, Роберт Левандовски, Баварците доминира во првото полувреме, а поранешниот играч на „фармацевтите“, Артуро Видал двапати се закани со одлични удари. Хави Мартинез ги доведе гостите во водство во 32. минута по корнерот на Арјен Робен, а во 59. минута, Родригез одлично го најде Франк Рибери, за удвојување на водството.

Интересен финиш на мечот обезбеди Кевин Воланд со гол во 71. минута, пред Родригез да постигне фантастичен гол од слободен удар за комплетни 1:3.

Scroll to Top