Top Sport

Барса не успеа да го „скрши“ Хетафе (видео)

Барселона остана непоразена во Ла лига оваа сезона, но не успеа да најде начин да го „скрши“ отпорот на Хетафе одигрувајќи 0:0 на „Ноу Камп“.

Домаќините доминираа во текот на целиот меч, но пропуштија повеќе шанси преку Суарез, Јери Мина и Усман Дембеле.

Каталонците остануваат на првото место во Ла лига со седум поени пред Атлетико Мадрид и огромни 17 поени пред најголемите ривали Реал Мадрид. Сепак, останува прашањето како функционира нападот на „Блауграна“ пред мечот од Лигата на шампионите против Челси идната недела.

Хетафе по четвртото реми во низа се на 10. место со 30 поени.

Scroll to Top