Top Sport

Баварците се намачија со Шалке (видео)

Баерн Минхен се намачија во нападот, но сепак, стигнаа до победа од 2:1 над Шалке за да ја зголемат предноста на врвот на Бундеслигата на 18 поени.

„Кралските сини“ се надеваа дека можат да изненадат на „Алијанц арената“ и да се вратат во топ 4, меѓутоа, со головите во првото полувреме на Роберт Левандовски и Томас Милер, тимот на Доменико Тедеско не успеа да се врати.

Баерн го одигра мечот без тренерот Јуп Хајнкес, кој поради грип остана дома, а неговиот асистент Петер Херман беше на клупата.

Левандовски по само шест минути игра ја искористи грешката на Ралф Ферман за рано водство. Франко ди Санто го упати првиот удар кон голот на Баерн по 29. минути игра, за израмнување, меѓутоа Милер успеа „на среќа“ да го совлада Ферман за конечни 2:1.

Scroll to Top