Top Sport

Бејл вреди колку и Нејмар, и останува во Реал

Герет Бејл „вреди исто колку и Нејмар“ и не планира да замине од Реал Мадрид, каде што сака да продолжи да освојува големи титули, вели неговиот агент, Џонатан Барнет.

Велшкиот интернационалец својата долгорочна иднина ја гледа на „Сантијаго Бернабеу“ и покрај низата повреди кои го оддалечија од терените неколку пати. 28-годишниот сака да добие долгорочен договор со „Лос бланкос“ и покрај интересот на Манчестер јунајтед, кој трае речиси цела година.

„Бејл дефинитивно вреди колку и Нејмар. Го сака Реал Мадрид и не сака да замине. На Герет не му е потребно Кристијано Роналдо да замине за да биде ѕвезда во Реал, бидејќи веќе е тоа. Тој е позитивен пример за сите. Никогаш не оди во фаст-фуд ресторан, секогаш е прв на тренинзите и во иднина ќе се бори за ‘Златната топка’“, вели самоуверено Барнет во интервју за италијанскиот „Тутоспорт“.

Малку клубови можат да си го приуштат поранешниот најскап фудбалер на светот, и Барнет вели дека не верува дека тоа ќе се случи.

„Ниту еден тим од Серија А, на пример, не може да си го приушти Бејл. Во Англија има неколку клуба со таква моќ“, објаснува Барнет.

Scroll to Top