Top Sport

Бензема уште е лут на Валбуена: Задржи си го ракувањето

Карим Бензема не е подготвен да го стави зад себе конфликтот со Матју Валбуена по кој почна неговиот „егзил“ од француската репрезентација.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Бензема студено одговори на можното помирување со играчот на Фенербахче, Валбуена, откако тој изјави дека е подготвен да се ракува со Бензема доколку се сретнат на фудбалските терени.

Бензема беше уапсен пред две и пол години околу неговата (уште целосно непотврдена) улога во обидот за уцена со секс-лента на Валбуена. Се тврдеше дека Бензема е посредникот меѓу уценувачите и Валбуена, кој во ноември 2015 изјави дека Бензема „индиректно“ му порачал дека треба да плати за видеото во кое беше Валбуена и неговата девојка.

Бензема, кој оттогаш нема играно за Франција, постојано тврдеше дека е невин и доби на суд минатото лето, кога францускиот суд го отфрли полицискиот извештај во кој се тврдеше дека Бензема се однесувал „неискрено“.

„Јас би се ракувал со него, тука нема проблем“, изјави Валбуена во интервју за францускиот весник „Паризиен“.

На ова, Бензема кратко одговори: „Задржи си го ракувањето“.

Scroll to Top