Top Sport

Бернардески ја „освои “ својата Фиренца во контроверзен меч (видео)

Голот од слободен удар на Федерико Бернардески беше клучен  „старата дама“ да стигне до 0:2 победа во Фиренца и да се искачи на првото место во Серија А, барем до утре навечер, кога Наполи го игра дербито со Лацио.

За Бернадески ова беше прв натпревар на „Артемио Франки“ како играч на Јувентус, и тој беше човекот на одлука во меч во кој имаше неколку контроверзи, а голманот на „старата дама“, Џанлуиџи Буфон го имаше јубилејниот 500. настап во Серија А.

„Виола“ минатата година го совлада Јуве со 2:1, а имаа шанси да дојдат во водство кога Жил Диас ја погоди пречката во првото полувреме. Контроверзите дојдоа кога Џорџо Кјелини го блокираше неговиот удар со кренати раце.

Судијата Марко Гуида веднаш покажа пенал, но пред Веретут да го изведе, се консултираше видео-судијата (ВАР), и по три минути пауза, оваа одлука беше „свртена“ бидејќи Диас бил во офсајд ситуација, иако Алекс Сандро ја прати топката до Португалецот.

23-годишниот Бернардески, поранешниот миленик на „Виола“, во 56. минута по одлично изведениот слободен удар донесе водство за Јуве од 0:1, пред во 86. минута Гонзало Игуаин да го постави конечниот резултат на мечот. Јувентус сега има 62 поени на првото место, два повеќе од Наполи, додека Фиорентина е на 11. место со 31 поен.

Scroll to Top