Top Sport

Без срам – тренерот Херлих ќе одговара за симулирање (видео)

Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди дека Хајко Херлих од Баер Леверкузен ќе биде првиот тренер кој ќе биде обвинет за свесно мамење на судијата откако смешно падна во текот на мечот од Германскуот куп против Борусија Менхенгладбах.

Играчот од средниот ред на Борусија, Денис Закарија се доближи до Херлих за да ја земе топката, по што шефот на Леверкузен реши да „глуми“ дека имало контакт и очигледно бараше жолт картон за фудбалерот.

Леверкузен на крајот победи со 1:0, а Херлих мораше да се извинува за симулацијата.

„Тоа беше глупав потег од моја страна. Сакам да се извинам на сите. Топката дојде кон мене, ја пропуштив за Гладбах да не можат да интервенираат бргу. Не требаше да го направам тоа, а потоа Закарија само ме допре и се изнав. Со моите 46 години морам да признам дека тоа беше непромислено “, вели Херлих.

Scroll to Top