Top Sport

Бразил: Општа тепачка и девет црвени картони (Видео)

Дерби натпреварот во бразилскиот шампионат Бајано помеѓу Виторија и Баија не заврши бидејќи е прекинат во финишот на мечот кога домашниот тим остана со шест фудбалери на теренот.

Виторија постигна гол во 34.минута преку Денилсон, а птооа од пенал во 50.минута израмни Винисиус.

Тогаш страстите на теренот зовреа, бидејќи Винисису ги провоцираше домашните навивачи, а кога на провокациите реагираше голманот Фернандо Мигуел, започнаа да „летаат тупаници“.

Судијата исклучи тројца играчи на Виторија (Денилсон, Рајнер и Кану), а кај гостите подели пет црвени картони, од кои два за фудбалери кои беа на клупата за резерви (Едсон, Франка, Винисиус, Андерсон, Фонсека).

До крјаот на мечот главниот судија играчот на Виторија Унијан доби црвен картон во 78.минута, а венаш потоа исклучен беше и неговиот соиграч Бруно Биспо.

Откако Виторија остана со шест фудбалери на теренот главниот судија, според правилата, го прекина натпреварот.

Scroll to Top