Top Sport

Челси по продолжение го нокаутираше Лестер (видео)

Педро со голот во финишот на првото продолжение му донесе на Челси полуфинале од ФА купот со тесната 1:2 победа на гостувањето на „Кингс Пауер“ во Лестер.

Алваро Мората постигна прв гол од крајот на декември за на Челси да им донесе водство пред крајот на полувремето, но Џејми Варди примора продолжение со гол на 14 минути пред крајот на мечот.

Со голот на Педро, „Сините“ ја прекинаа губитничката серија од пет порази на гости, за пласман во полуфиналето каде што ќе играат со Саутемптон, додека во второто полуфинале ќе се судрат Манчестер јунајтед и Тотенхем на 21 или 22 април.

Челси лани ги „наследија“ Лестер како шампиони од Премиер лигата, а во ФА купот загубија од Арсенал во финалето. Слично како и за Манчестер јунајтед и Тотенхем, ФА купот останува единствена шанса за Челси за титула оваа сезона.

Scroll to Top