Top Sport

„Чистка“ во Вест Бром

По понеделничкиот пораз од Челси, тимот на Вест Бромвич Албион направи неочекувана одлука – не го отпушти менаџерот, туку претседателот на клубот.

„Бегис“ ги прекинаа договорите на претседателот Џон Вилијамс и на извршниот директор Мартин Гудман, откако тимот е заглавен на дното на Премиер лигата со седум поени од „безбедната зона“ со само 11 кола до крајот.

„Овие промени доаѓаат по слабите резултати на Албион, поради кои сме на дното на Премиер лигата“, се вели во соопштението на тимот.

Вилијамс дојде на својата позиција во септември 2016 година, кога Тони Пјулис беше тренер, но беше одговорен за именувањето на сегашниот менаџер Алан Пардју. Според локалните извори од Бирмингем, сега во клубот ќе се вратат поранешните членови на бордот – Ден Ешворт, Ричард Гарлик и Марк Џенкинс.

Scroll to Top