Top Sport

Човечноста не познава нации – Модриќ во акцијата на Партизан (видео)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја поддржа хуманитарната акција на српскиот клуб Партизан за помош на новинарот на Партизан ТВ, Жељко Пантиќ.

13-годишниот син на Пантиќ, Исиаја има тумор на мозокот и потребна му е итна операција во Вашингтон, САД. Семејството успеа да ги плати трошоците за авио-превозот и едномесечниот престој во САД, но мора да се реагира до 19 февруари со уплата на 126.713 долари за медицинските трошоци.

Партизан преку своите страници побара помош, а први кои се пријавија беа тренерот на Партизан, Мирослав Ѓукиќ, кошаркарската легенда Владе Дивац и неочекувано Модриќ.

Scroll to Top