Top Sport

Да има мир – Нигерија со 2 милиони евра за фудбалерите

Фудбалската федерација на Нигерија (НФФ) потврди дека „супер-орлите“, играчите на нивната фудбалска репрезентација ќе добијат 2 милиони евра за пласманот на Светското првенство во Русија, за да се избегне конфликт како во 2014 година.

Во текот на СП во Бразил во 2014 година, Нигеријците намерно отсуствуваа од еден тренинг во знак на протест за неисплатените средства, по што нигерискиот министер за спорт отпатува директно во Бразил со куфер во кој имаше 4 милиони долари. Сумата од 2 милиони евра која сега ќе ја добијат „супер-орлите“ е 30 отсто од наградата.

Нигерија по шести пат учествува на едно СП, а досега трипати играше во осминафиналето – во 1994, 1998 и 2014 година.

Scroll to Top