Top Sport

Дајч се шегува: Освен црви, пушам од ауспух, јадам земја за доручек…

Тренерот на Барнли, Шон Дајч, го отфрли бизарното тврдење на неговиот поранешен клупски колега од Бристол сити, данскиот напаѓач Сорен Андерсен, дека постојано јадел црви додека биле колеги и дека затоа има „зарипнат“ глас.

Англичанецот вели дека Андерсен едноставно имал „проблеми во преводот“ при една шега на тренинзите.

„Да, исто така пушам од ауспух и јадам земја за доручек. Комбинација на тие три работи го прават мојот глас ваков. Но, фер е да се каже дека не го изедов црвот. Тоа беше шега која ја правев таму, но и во Ватфорд и тука – кога црвот ти виси од устата. Сорен изгледа погрешно ги сфатил работите“, вели Дајч.

Тренерот на Барнли јаде црви, но е англиски џентлмен?

Scroll to Top