Top Sport

Де Хеа ќе бара плата од 420.000 евра неделно?

Шпанските медиуми блиски на Реал Мадрид уште се „занимаваат“ со Давид де Хеа и неговото можно заминување од Манчестер јунајтед.

Според „Марка“, Де Хеа, чиј договор со Јунајтед завршува до јули 2019 година, најверојатно нема да заврши во Реал Мадрид, но затоа ќе побара обновување на договорот со неделна плата од 420.000 евра со што ќе стане најплатениот голман на светот.

Според „Сан“, Де Хеа со плата од 21 милиони евра годишно ќе биде вториот најплатен фудбалер во Премиер лигата зад својот нов клупски колега, Алексис Санчез, кој заработува 25 милиони евра годишно.

Неверојатни суми.

Јунајтед ќе бараат фантастични 130 милиони за Де Хеа!

Scroll to Top