Top Sport

Џоркаеф: ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите ако го мине Мадрид

Пари Сен-Жермен може да стане неочекуван шампион од Лигата на шампионите доколку ги поминат Реал Мадрид во осминафиналето, вели легендата на клубот и на француската репрезентација, Јури Џоркаеф.

ПСЖ минатата сезона имаа 4:0 победа над Барселона пред да загубат на гости со 6:1 и да испаднат во осминафиналето, а оваа година повторно ги чека шпански предизвик во актуелниот шампион Реал Мадрид во февруари и март.

Џоркаеф, кој играше во ПСЖ во 1995 и 1996 година, покрај 82-та настапи заз Франција, вели дека неговиот клуб не можел да добие посилен противник.

„Искрено, Реал беа единствените од кои се плашев пред ждрепката. Парискиот тим е супериорен од повеќето тимови во осминафиналето, но против Реал ќе биде тешко. Тие имаат три титули од ЛШ во последните четири години и не е потребна друга статистика да се покаже нивната моќ. Но, има и добра страна – натпреварите ќе привлечат многу гледачи, а ако Париз го мине колото, тогаш титулата е нивна. Ако бидат елиминирани… Тогаш следува долг и тежок крај на сезоната“, вели Џоркаеф во интервју за „Ле паризиен“.

Scroll to Top